Доктор Оз призна: Голем дел од неговите совети биле само маркетинг

Откако се најде под огромен притисок од страна на конгресот, американскиот тв доктор, кој што е многу познат и во нашава земја, призна дека многу фирми го користат неговото шоу за промоција на своиите „волшебни таблети и производи“, кои ги купуваат бројни американци во обиди да ги намалат килограмите.Претседателката на здружението за заштита на потрошувачите Клер МекКаскил, се фатила најмногу за епизода од  2012-тата година, во која што тој изјавил дека екстрактот од зелено кафе е магичен лек за слабеење за луѓе од сите телесни типови.

 

– Разбирам дека правите добри работи во своето шоу, но не разбирам зошто кажувате и работи за кои знаете дека не се вистинити, го нападнала  таа.

Во своја одбрана познатиот доктор, по професија кардиохирург истакнал дека токму тие приказни биле лажни, а исто така ветил дека ќе објави точна листа на производите кои што навистина помагаат во намалување на тежината и секако здравјето.

Исто така, Оз рекол дека не постои чудесна таблета без правилна исхрана и вежби, но исто така верува во она што го промовира.

- Реклама -