Островот Миконос сам по себе е идиличен скапоцен камен на Егејското море и тоа е местото каде бутик-хотелот Пиетра е Мар е сместен.
Ова лето ги отвара вратите освежен и реновиран. Ситуиран само 15 минути од градскиот метеж, хотелот има приватна плажа Кало Ливади, каде гостите можат да уживаат во мекиот песок и да се бањаат во кристално бистрата вода.
Хотелот располага со 30 елегантни соби со приватен балкон или тераса. Дизајнот е едноставен, со бели и сини бои- традиционални на грчките острови. Глетките кон морето го одземаат здивот и успокојуваат, а може да се смета едно од поромантичните места за посетување.