Платете колку сакате

Повеќе... Така гласи сметката во еден лондонски ресторан во кој муштериите се секогаш во право – во однос на цената.


bills.jpgТака гласи сметката во еден лондонски ресторан во кој муштериите се секогаш во право – во однос на цената.

Ова е навистина интересен концепт – само во февруари, Little Bay ресторанот во Лондон им дозволува на своите муштерии да платат онолку колку што мислат дека вредела според нивна проценка храната која ја изеле и услугата… вклучително и да не платат воопшто доколку така одлучат (не вклучувајќи ги алкохолните пијалоци).

Во теорија не е лоша идеја, ако претпоставиме дека муштериите нема да ја злоупотребат. Во секој случај ова дефинитивно ќе му обезбеди на ресторанот добра бесплатна реклама и публицитет… што веројатно е и целта. [At One London Restaurant, the Bill Is up to You ]

Прочитајте и:  Ако сакате да спиете подобро, консумирајте ги овие намирници и пијалоци пред спиење
- Реклама -