Кога земјите би се натпреварувале на Светско по број на убиства

Кога земјите би се натпреварувале на Светско првенство во број на убиства или корисници на интернет, што мислите кој би го подигнал трофејот?

На крајот на првенството ќе дознаеме кои држави се најдобри во фудбал, а до тогаш да видиме кој би бил победник на натпревар поинаков од фудбалот…

Магазинот “The Wall Street Journal”  направи натпревар на 32-те држави учеснички на Мундијалот во Бразил, во сосема необични категории.

Ние издвоивме пет од нив…

1. Најголем број на светски рекорди

Во оваа категорија победник е домаќинот на светското првенство Бразил. Погледнете на сликата со кого се бори во финалето.

Foto: graphicsweb.wsj.com

2. Најголем број жители во урбани места

Победник е државата во која дури 98 проценти од жителите живеат во урбани делови од земјата, Белгија.

Foto: graphicsweb.wsj.com

3. Најмал број на убиства

Дали ви се верува дека во Јапонија се случуваат 0,3 проценти убиства на 100 илјади луѓе? Овој податок ја донесе земјата на тронот…

 Foto: graphicsweb.wsj.com

4. Најголем број корисници на интернет

Дури 93 лица од 100 во Холандија, го користат интернетот. Поради тоа Холандија ја победи Швајцарија во големото финале.

 Foto: graphicsweb.wsj.com

5. Најголем број на невработени

Овој пат победата ја носат нашите „собалканци“ Босна и Херцеговина, во која дури 44, 3 проценти од жителите немаат работа. Во финалето, Босна го победи Камерон.

graphicsweb.wsj.com

- Реклама -