Ева во петок му понудила јаболко на Адам, тој ден започнал Големиот потоп, стопирала изградбата на Вавилонската кула, а и Каин, наводно на петок 13. го убил Авел…Суеверијата велат дека на овој ден не треба да поминувате под бандера или да се впуштате во неприлики. Дури и во денешно време многу хотели немаат број на спрат или соба 13. Интересен е податокот дека жителите на
Фиренца воопшто немаат ниту една улица која носи број 13, туку ја одбележуваат со 12 и пол.
Сепак, петок 13 не е баксузен само според народните верувања, туку очигледно и според науката, па така овој феномен добил и стручно име – параскеводекатријафобија.
На овој ден доаѓа до намалување на обемот на трговија на светските берзи бидејќи суеверните не сакаат да вложат пари, а има и такви кои тој ден не сакаат да одат на работа бидејќи стравуваат од баксузлук.
Верувањето во суеверија за овој ден потекнува од средниот век, а директно е врзан со петок 13. октомври 1307 година, кога во Франција, по наредба на францускиот крал Филип Четврти, се случила една од најголемите „чистки“ во историјата. За да дојде до нивното богатство, Филип наредил сите темплари во Франција да се уапсат, затворат и убијат.
Исус бил распнат во петок, по вечерата на која 13-тиот гостин бил Јуда, апостолот кој го издал Исус, а и пред Светото писмо, во петок луѓето се молеле на своите богови за добра жетва, здравје и среќа, затоа што работењето на тој ден се сметало како предизвикување на несреќа.
И старите Римјани се исплашиле од овој датум, верувајќи дека дванаесет вештерки токму на овој ден се состанувале со нечесните. Стравот од бројот 13се поврзува и со норвешкиот мит за 12 богови, кои приредиле вечера на која неповикан влегол Локи и му рекол на слепиот Бог на темнината Ходер, да го убие Балдер, Бог на веселбата и задоволството.
Денеска е Петок 13-ти, со полна месечна.