Реалност vs. фикција: Вака изгледа кога жените мастурбираат

Мажите имаат погрешна претстава за женската мастурбација, а за тоа веројатно е виновен Холивуд и фактот што повеќето од режисерите и продуцентите се мажи.
Обично, во филмовите, тоа изгледа вака: Жената лежи гола на грб, прстите и се „таму доле“, под покривачот. Испушта неколку секси воздишки, малку го извива телото, ја напрчува устата, уште еднаш застенкува за крај… и крај.

За да не приближи до вистината, Ана Бреслов, уредник на секс-рубриката за cosmopolitan.com, пишува како всушност изгледа женското самозадоволување кога никој не гледа:

„Во реалноста, тоа изгледа сосема поинаку. Тоа што всушност се случува се чудни изрази на лицето, испуштање чудни звуци и правење неспретни движења со телото. Некогаш се вклучени и некои секс-играчки со многу необичен изглед, како и обични предмети што ги има во секој дом. На пример, перница… Само прашајте го моето плишано мече кое спиеше заедно со мене во креветот кога бев во седмо одделение“, пишува Ана, и самата изненадена од храброста да признае вакво нешто. Поентата (на Ана) е во тоа дека женската мастурбација, во стварноста, е смешна и чудна. Сепак, таа е вистинска, а тоа е доволно за да биде возбудлива.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Body-Pillow-For-Pregnancy-1024x682[1]

Слично е и со машкото самозадоволување. Во филмовите често е предмет на потсмев, или чин на срам и одвратност. Сепак, вистината е дека многу жени обожаваат да го гледаат партнерот додека мастурбира и го сметаат тоа за секси и заводливо.

- Реклама -