Кога купувате флаширана вода, прво проверете го дното на шишето

Покрај нездравата обработена храна, на пазарот се нуди и нездраво флаширана вода.

На потрошувачите им се препорачува честа проверка на дното од флашираната вода од издржани здравствени причини.

Пластичната амбалажа на водата која е означена со букви како HDP, HDPE, PP и уште неколку не испушта опасни состојки во водата, додека останатите букви може да означуваат хемикалии во водата која ја пиете.

Затоа што секој произведувач е должен да го означи составот на шишето, препознајте ја отровната вода со мала помош и зачувајте си го здравјето.

PET или PETE – означува шишиња наменети за еднократна употреба. Можно е да испуштаат тешки метали и хемиски материи кои влијаат на хормоналниот баланс.

HDP или HDPE – пластика која испушта најмалку хемикалии. Водата спакувана во неа е најчиста и најпрепорачлива.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

PVC или 3V – испушта 2 отровни хемикалии кои исто така влијаат на хормоните во телото.

LDPE – пластика која не смее да се користи за изработка на шишиња, туку за пластични вреќички иако не испушта хемикалии во водата.

PP – уште една пластика со бела или полу проѕирна боја, која се користи како амбалажа за сирупи и чашки за јогурт.

PS – испушта канцерогена материја, а најчесто се користи за изработка на чаши за кафе и во амбалажите за брза храна.

PC или пластика без ознаки – најлошата пластика во прехранбеното производство која излачува хемикалија BPA, а често пати се користи за спортски шишиња и садови за чување на храна.

Од денес, 2 пати проверувајте го дното на шишето!

- Реклама -