ЦИА официјално објави дека го проширува своето присуство во социјалните мрежи со регистрација на сметки на Facebook и Twitter. Покрај сериозниот статус на организацијата, нејзиот прв твит бешe шеговит, но во типичен стил на ЦИА: “Не можеме ниту да потврдиме ниту да одречеме дека тоа е нашиот прв твит”.
Шегата и допадна на интернет заедницата и само за два часа пораката беше “ретвитната” над 80 илјади пати, а ЦИА доби повеќе од 105 илјади следбеници, пренесе CNN. Традиционално, ЦИА јавно не ја огласува својата дејност, што е сосема разбирливо, со оглед на тајната природа на организацијата. Но појавата на социјалните мрежи ЦИА очигледно сака да ја подобри својата репутација како во САД, така и во светот. Интересно е да се спомене и првиот разговор кој ЦИА го имаше со Wikileaks на Twitter. Тој иако беше многу забавен, ја покажа „страшната “ страна на т.н војна помеѓу Wikileaks и владините организации во САД и во светот.
Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk