Квалитетните маскари не се воопшто евтини, па така, многу девојки ги користат и откако ќе се исушат или ќе им помине рокот на траење.
За да би ја спречиле иритацијата на очите, задолжително придржувајте се до рокот на траење на сите козметички производи, а особено на маскарата. Со оглед на тоа што тие претставуваат погодно тло за размножување на бактерии, важно е да ја менувате на секои четири месеци. Ништо поинакви правила не важат ниту за тушот.
Доколку маскарата ја употребувате секој ден, сигурно ќе ви се исуши и пред истекувањето на рокот. За среќа, со овој едноставен трик можете да го продолжите.
Се што ви е потребно се капки за очи. Кога ќе забележите дека маскарата започнала да се суши, во неа сипете три до четири капки. Додадете ги така што нема да допрете со шишенцето до грлото на маскарата, малку протресете, и вашата маскара е подготвена за употреба. Истиот трик можете да го примените и со тушот за очи.