Еден гладен леопард мислеше дека бодликавото прасе на кое случајно наиде ќе биде лесен и вкусен оброк. Но, неговата проценка и тоа како беше грешна, бидејќи не само што останасо празен стомак, туку и се здоби со повреда.
Целата оваа ситуација успеал да ја улови чуварот на националниот парк Кругер во Јужноафриканската Република, кој ја овековечил со неколку фотографии кои покажуваат како се одвивала целата ситуација.
Крајниот резултат беше 1:0 за бодликавото прасе, по што леопардот го напушти „теренот“ со убод во левата нога. Всушност, со оглед на тоа што би се случило кога би се впуштил поагресивно во нападот, има среќа што поминал така лесно.