Фановите на „Игра на престоли” имаа можност повторно да го запознаат гигантскиот човек, кого луѓето од Вестерос го нарекуваат едноставно „Планината”. Тој е огромен, невозможно силен и сака ултра насилство. Доказот за тоа го видовме во битката за слободата на Тирион Ланистер.
Но, додека веројатно веќе го знаете сето тоа, еве што не знаете: Новиот актер кој ја игра Планината, е речиси исто толку впечатлив и во живо. Тој има 25 години, висок е 206 см, тежи 180 кг, а наведнува челични прачки за забава. Тој за малку ќе станел најсилниот маж за 2014 година, завршувајќи на второто место.
Хафтор Бјoрнсон доаѓа од Исланд. Тој е третиот актер која ја добива улогата на Планината, а изгледа оваа сезона ќе има поголема улога од било кога. Велат дека Бројнсон бил многу добар човек – но неговата натчовечка сила е доста страшна.
На оваа слика, тој влече камион во трката „Најсилен човек во светот 2013 година“.
Тука пак прави уште откачени работи на истиот натпревар.
На овој клип, тој го користи вратот, за да попушти три железни шипки за 30 секунди – обоен во зелено и облечен како Чудесниот Хулк.
…Уште многу луди настапи.
Претходно оваа година, Бјoрнсон учевствуваше во филмот „гигантите на Исланд”.
Џон Сноу и ноќниот стражар можеби треба да размислат за едно патување до Исланд, за да побараат малку таленти. Во меѓувреме, еве едена слика од Планината и Отровницата.