Издржливи момци

Повеќе...

1000 натпреварувачи од 25 земји требало да пливаат низ подводни канали, да одат по жежок јаглен, да ја избегнат електричната ограда… на светскиот "ултимативен тест за издржливост".

1000 натпреварувачи од 25 земји требало да пливаат низ подводни канали, да одат по жежок јаглен, да ја избегнат електричната ограда на светскиот "ултимативен тест за издржливост".
 
cvrst-maz-trka1.jpg
 
Натпреварот "Цврст маж 2009", кој започнал на фармата Саут Пертон во близина на Волверхемптон, организаторите го опишуваат како тест за телото и духот. Испитот го полагаа и мажи и жени, пријавени во тимови или поединечно. 
cvrst-maz-trka2.jpg
Пред оваа брутална трка на преживување натпреварувачите биле советувани да се тушираат со ладна вода за да не подлегнат на потенцијално смртоносната смрзнувачка. Најпрво морале да ја претрчаат исцрпувачката стаза од 10км на која биле поставени секакви препреки вклучувајќи тунели и калливи бари.
 
cvrst-maz-trka3.jpg
 
Пред трката, исто така, морале да потпишат дека самите се одговорни доколку загинат во текот на натпреварот, кој меѓу другото е опишан и како "најсигурно најопасното искуство на психо-физичка болка и издржливост на планетава". За среќа, повредени немало. [Survival of the toughest]
- Реклама -