Започна „Баскерфест 2014“

Синоќа во Скопје, пред споменикот на Методија Андонов Ченто, започна фестивалот на уличен театар „Баскерфест 2014“.Фестивалот официјално започна, со настапот на групата Алдруби (Танцот на балоните) од Нови Сад, Србија, а ќе трае наредните 10 дена.

Град Скопје девети пат е покровител на манифестацијата, која овој пат ќе се одржи во 21 општина, на ниво на цела Македонија.

Во главниот град, програмата  ќе се одвива и во „Пивница Стар град“ во Старата скопска чаршија, и „Градска плажа парк“ на кејот позади Градскиот парк.

Град Скопје за одржување на фестивалот и годинава од Буџетот издвои околу 900.000 денари.

Фото/ Телеграф
- Реклама -