Месечината е формирана по удар на огромна планета во Земјата . Примероците донесени од мисиите „Аполо”, содржат докази дека Месечината е формирана од удар на планета голема колку Марс во Земјата пред 4.5 милијарди години, соопштија светските новински агенции.
Германски научници открија нов метод на испитување на мали хемиски разлики помеѓу земските и карпите на Месечината. Тие предупредија дека сепак се потребни дополнителни анализи што ќе ги потврдат овие одамна барани докази дека материјал од друг објект, освен Земјата, придонесол за формирање на Месечината.
Научниците мислат дека Месечината е оформена од облак на остатоци во вселената, образуван откако планета со големина на Марс, наречена Теа се борела со младата Земја, наведуваат во извештаите. Хемискиот состав на планетите во Сончевиот систем благо се разликуваaт и затоа професионалците сугерираат дека примероците од Месечината можат да содржат карактеристични хемиски отпечатоци од објектот, кој што удрил во Земјата.
Тимот од Универзитетот во Келн развива метод, кој обезбедува идеално одвојување на кислородни изотопи од други гасови. Разликите се многу мали, но постојат. Тие покажуваат дека составот на Месечината е околу 50 проценти од друг вселенски објект и 50 проценти од Земјата. Екипата ги анализирала примероците доставени од мисиите „Аполо 11″, „Аполо 12″, „Аполо 16″ од 1969 година и 1972 година Ова е првиот тим кој открива разлики во кислородните изотопи. Други научници работат со титаниум, силициум, хром, тунгстен, но досега не беа пронајдени значајни разлики помеѓу Месечината и земските примероци. Резултатите од истражувањето се објавени во списанието „Сајанс”.
Иако ви ги откривме најголемите новости од науката, може малку да ги зачиниме со музика. Во продолжение уживајте во музичката тема од филмот „Moon“ ( Месечина). Ако не сте го гледале, вечевра, веднаш! 🙂