Најверојатно сте виделе безброј фотографии на вулкани – додека исфрлаат лава, на исфрлајќи пепел и на мирни кратери полни со вода. Сето тоа сепак ги покажува вулканите однадвор. Едвај некој е доволно луд да ги истражува истите внатре.
Меѓутоа, постои еден вулкан, при што тоа е можно. Погледнете што има во кратерот на вулканот Thrihnukagigur во Исланд:
Исланд е добро познат по својот вулкански пејсаж. Во април 2010 година ерупција на еден вулкан беше ТОП вест, на меѓународните вести кога облаците од пепел за речиси една недела, го блокираа воздушниот сообраќај во цела Северна и Западна Европа. Во земјата има 30 активни системи од вулкани – резултат од нејзината позиција во средината на Атлантскиот срт.
Дури и во земја полна со вулкани, вулканот Thrihnukagigurе уникатен. Тој е вреден извор на информации за геолошки истражувања, со тоа што привлекува и многу екстремни туристи. Вулканот постои скриен од погледите четири илјади години – многу пред луѓето да се населат во Исланд. За прв пат е откриен во 1974 година, а е целосно проучен во 1991 година.
Екстремното искуство започнува со влез во магма камерата, со тоа што таа води 120 метри под површината на земјата. Самиот кратер е со форма на шише и неговата пештера е со димензии од неверојатни 150 000 кубни метри.
Првиот човек кој се спуштил во вулканот е истражувачот Арни Стефансон. Тој ја опишува својата прва посета како разочарувачка: „Јас дојдов да барам убавина, а најдов грдотијата”.
Тој не мислеше така, сепак при втората посета, која го фасцинирала.
За да го посетат вулканот, туристите треба да го започнат патувањето во реонот на Сината Планина, недалеку од Рејкјавик. Тие пристигнуваат до кратерот по 45-минутна прошетка покрај вулкански полиња, гасни тунели и извајаните вулкански конуси. Со помош на специјален лифт тие се спуштаат во грлото на вулканот. Иако истиот спие илјадници години, прошетката во внатрешноста е доста вознемирувачка.
Посетителите често си го поставуваат прашањето – ако нема ерупција долго време, дали тоа значи дека никогаш повеќе нема да еруптира. Одговорот е „Не”.
Покрај тоа да не заборавиме да спомнеме и за опасноста од земјотрес.
Покрај овие стравови, убавината на вулканот одвнатре навистина го оправдува ризикот. Калеидоскопот од боите на ѕидовите на пештерата е резултат од различниот минерален состав на карпите.