Како да го зајакнете имунитетот

Пролет е. Време на настинки и вирози. Едни често се болни, другите не. Веројатно сте се запрашале зошто некои луѓе се поздрави од другите. Оваа мистерија ја разрешил Џин Стов, познат нутриционист и лекар.

По подолги истражувања и следејќи ги навиките на тие што учествувале во експериментите, Стов заклучил дека за имунитетот да биде подобар, важни се следните нешта и навики:

1. Џвакајте лук кога ќе почуствувате дека нешто ве гребе во грлото. Ако ви е непријатен вкусот или мирисот, изедете парче чоколадо и грицкајте магдонос.

2. Најголемиот дел од оброкот нека биде заленчук и овошје. Тоа ќе го подобри имунитетот и ќе го преполови нивото на холестерол во крвта.

3. Консумирајте пивски квасец кој е богат со Б витамини.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

4. Секогаш јадете од мала чинија во која собира половина храна од големата. Така ќе го намалите внесот на дневните калории за 25 %. На овој начин ќе го избегнете ризикот од покачен крвен притисок и од зголемување на телесната тежина.

5. Сезонските настинки и грипот пресретнете ги со витамин Ц.

6. Јадете изматена белка, особено ако вежбате. Тоа ќе ви го зајакне имунитетот – утврдено е после низа истражувања.

7. Што почесто, а особено ако сте настинати, јадете супа од кокошка. Со сигурност е утврдено дека во кокошкината супа има состојки кои штитат од настинка и го скратуваат траењето на настинката.

Објавено во соработка со Емитер.

- Реклама -