Погодете што се крие под базенот

Инфинити базените, самите по себе, се уникатно човечко дело. А што да кажеме за овој?

Тој ќе биде изграден како покрив на Mirage house на островот Тинос – познат по својата недопрена архитектура, живописните села и убавата глетка. Домот, дизајниран од Kois Associated Architects, ќе се наоѓа во подножјето на пештера на природно плато. Целиот концепт на архитектите е да создадат невидлива оаза за живеење.

Поради оваа идеја речиси целата зграда ќе биде сместена  под земја, односно  под базенот. Водната површина ќе ја игра улогата на огромно огледало кое ја крие куќата од љубопитните погледи, дури и од воздухот и ја претвора во нешто како привидение.

Сувите камени ѕидови се главниот акцент во внатрешноста на зградата, а исто така и рамка на нејзиниот влез.  Тие ги  имитираат традиционалните ѕидови, кои можат да бидат забележани низ целиот живописен остров.  Тимот исто така планира да додаде земни ѕидови околу задниот дел на зградата, со слоеви од вегетација, кои ќе создадат услови за поладна внатрешна средина. Куќата располага со три спални и посебна кујна, како и отворена дневна соба.

Од инфинити базенот жителите на домот ќе можат да уживаат во панорамска глетка кон Егејско Море, без да се откажуваат од својата приватност.

- Реклама -