Сирени под вода

Фотографот Бенџамин фон Вонг, живее во Монтреал и се вовлече  во вистинска авантура, со еден од најепските фото проекти во последниве години. Амбициозната филмска сесија вклучува два модели, седум нуркачи спасители и еден брод кој што потонал пред 50 години во водите на остовот Бали. Во случај да имате било какви сомненевања, Фотошоп е користен само за финални корекции – фотографиите се вистински.

Подготовката за фотографиите е многу покомплексна отколку што изгледа. Поради опасностите поврзани со снимањето под вода, нуркачите требало да внимаваат на безбедноста на моделите, (кои исто така се занимаваат со слободно нуркање и можат да го задржат здивот 3-4 минути),  да помагаат при работата на фотографот. Фустаните се донации од дизајнери кои се одлучиле да се разделат со нив засекогаш, бидејќи тие ќе бидат оштетени неповратно од водата.

- Реклама -