Во Катар во моментов има 1,4 милиони работници емигранти, а земјата се подготвува за домаќинство на Светското првенство во фудбал во 2022 година. Многу од овие работници дошле од сиромашните области на Азија и работат под услови слични на модерно ропство. Тие не можат да го напуштат Катар без виза за напуштање, а не можат да добијат таква виза без согласност на работодавачот.
Од Светската конфедерација на синдикатите проценуваат дека околу 4 000 од нив ќе загинат до 2022 година, кога сè за Светското првенство треба да биде готово.
Од ESPN отпатуваа до Катар и ги фотографираа ужасните услови во кои што живеат луѓето. Новинарите го посетиле кампот на имигранти работници во Доха. Тој е во состојба на апсолутна беда. Работниците во него работат во текот на денот на страшна жештина, а навечер спијат во ужасниот камп. Лани Индиската амбасада соопшти дека 241 индиски работници починале во Катар во 2013 година. Од амбасадата на Непал рекоа дека бројката на нивни жртви изнесува 185 за минатата година.
Постојат стравувања дека овие бројки ќе се зголемуваат со приближување на роковите за настанот.
Прочети повече на: http://profit.bg/news/SHokirashtite-usloviya-za-rabotnitsite-v-Katar-predi-Mondial-2022/nid-123936.html