Американските научници им го поставија ова прашање на 207 луѓе. 139 од анкетираните биле синови, а другите 68 биле мајки на момчиња на возраст од околу 18 години. За да стигнат до заклучокот, зошто е толкава приврзаноста меѓу синовите и мајките, научниците им предложиле на учесниците да напишат краток есеј. Мајките требало да го опишат најубавото време поминато со нивните синови, а синовите биле должни да раскажат нешто што е поврзано со нивните мајки.
По исцрпната анализа на есеите на мајките и синовите, специјалистите утврдиле неколку основни ситуации кои ги зближуваат мајката и синот. Научниците дошле до заклучок дека главната карактеристика која што им овозможува на мајката и синот да бидат секогаш блиски и искрени еден со друг е тоа што во речиси сите есеи стпело „Таа е секогаш во близна“. Поаѓајќи од овој заклучок, научниците од САД констатираат дека синовите најмногу го ценат кај мајките фактот што се секогаш до нив и се подготвени да ги поддржат во моментите кога тие имаат потребаод тоа.