Неколку упатства како до негувани и привлечни стапала

Нема ништо попривлечно од негуваните стапала.Особено сега кога доаѓа време за отворена облека, многу е важно стапалата да се нежни како и останатото. Ова се едноставни чекори, кои ќе ви помогнат стапалата секогаш да ви бидат средени.

Пилинг

Кожата на петите може многу брзо да стане груба, што поради типот на кожа, што поради високите потпетици. Мртвите ќелии отстранете ги со турпија за стапала и тоа правете го редовно за да ги одржувате нежни. Можете повремено да користите и пилинг наменет за кожата на стапалата.

Прочитај повеќе: Најдоброто решение за тврдата кожа на петите

Хидрирајте и нахранете ги стапалата

Колку повеќе ги храните, толку помалку ќе морате да ги турпиате. Два пати дневно користете крема за нега на стапалата, а ако немате време, намачкајте ги нозете пред да заминете во кревет.

Дезодоранс

Пределот под пазувите не е единственото место на кое што му е потребно освежување. Ова е задолжително ако стапалата ви се потат во текот на денот. Изберете спреј или путер за да спречите создавање на непријатни мириси.

Прочитај повеќе: Одлични домашни продукти за суви, испукани пети

Убави нокти

Правило е дека ноктите на нозете треба да се третираат како и оние на рацете. Значи, секогаш треба да се средени. Обезбедете си прибир за нега на ноктите кој ќе ви одговара и внимателно со него.

Прескокнете ги високите потпетици

Понекогаш дозволете им на стапалата да уживаат вол природниот чекор. Пуштете го стапалото да дише во рамни кондури или патики.

Прочитај повеќе: Како да ги излечите стапалата после носењето на високи потпетици?

- Реклама -