Ураганите со женски имиња се три пати повеќе смртоносна отколку оние со машки. Овој феномен се објаснува со тоа што луѓето имаат склоност да ги потценуваат женските и покрај поголемиот интензитет, па да се поштедат од стравовите, станува јасно од истражување во САД.Од 70-тите години наваму центрите за метеорологија одлучија за да ги избегнат обвинувањата за сексизам, па со тоа и да ги крштеваат ураганите не само со женски, туку и со машки имиња по однапред дефиниран систем.Пред тоа тропските бури и ураганите носеа само женски имиња по силата на популарното верување дека расположението на жените се исто толку непредвидливо како бурите.
Според статистиката на ураганите кои го зафатиле САД помеѓу 1950 и 2012 година, оние со машки имиња предизвикуваат во просек 15.15 жртви, а оние со женски – 41.84.
„Со други зборови ако ураган со името Чарли се прекрсти на Елоиза, тој може да биде три пати повеќе смртоносен”, покажува истражувањето. При тоа, научниците ги исклучиле од статистиката ураганите Катрина во 2005 и Одри во 1957 година, поради вонредно големиот број на жртви кои би ја загрозиле објективноста на истражувањето, кое се однесува на поново време, а според истото женските урагани се три пати по смртоносни од машките.
Кога се оценува интензитетот на една бура луѓето имаат тенденција да ја идентификуваат со името. Така ураганите со женски имиња, особено со нежни имиња како Бела или Синди изгледаат полесни и помалку опасни, смета еден од авторите на студијата, професор по маркетинг. Запрашани за тоа кои бури им изгледаат повеќе опасни – „Кристина”, „Александра” и „Викторија” или „Кристофер”, „Александар” и „Виктор”, луѓето дефинитивно ги избрале вторите.
Истражувањето заклучува дека треба да се измисли нов систем за именување на ураганите, кој ќе го намали влијанието на предрасудите и ќе ја подобри подготовката на луѓето.