СТАВ- изложба на поинаква визија на студентите од Архитектонскиот Факултет

„Архитектура од нас до сите нас!“- е мотото на изложбата која ќе се одржи на 10-ти јуни во 20.30 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ).

Самоиницијативната изложба на студентите на генерацијата запишана 2006 година на Архитектонскиот Факултет во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, ќе ги претстават своите дипломски проекти. Станува збор за една поинаква визија за архитектурата, а покровител на изложбата е Асоцијацијата на Архитекти на Македонија (ААМ).

Целта на изложбата е да се промовираат студентските проекти кои имаат еден свеж и зрел став кон архитектурата, кои покажуваат една нова визија за иднината на нашата архитектура. Оваа иницијатива покажува дека има многу проекти кои остануваат неизведени, а имаат големи архитектонски квалитети. Затоа организаторите сакаат тие да не останат невидени и да бидат инспирација за сегашните и идните архитекти.

Прочитајте и:  Самостојна изложба на академскиот графичар Дарко Аницин - „Ремек дело на создавањето“

На отварањето на изложбата ќе има и презентација „Архитектонската реалност меѓу Лондон и Скопје“ со која ќе се направи обид да се сместат студентските проекти во еден светски архитектонски стил.

Backup_of_pokani.cdr

- Реклама -