Еве што можете да направите кога не сте во можност да го ставите пивото во ладилник, а не сакате да пиете топло пиво.Првото пиво е направено околу 5.000 години пред новата ера, а ладилникот е измислен дури во 19 век. Тоа значи дека луѓето пиеле топло пиво околу 7.000 години.
Денес сме наслонети на струјата и ладилниците, за да уживаме во студениот напиток. Група на дечки од Данска, смислила начин како да го оладите пивото без да го ставите во ладилник.
Нивниот изум е наречен „i-kul”.
За да инсталирате отприлика 1, 2 метар долг уред, потребно е да ископате дупка во земјата. Внатре собира 24 лименки пиво ( секако дека може и сок).
Земјата е таа која што ја одржува температурата, односно го лади пивото. Кога ќе ја повлечете рачката на вертикалниот дел, уредот сам ве служи со конзерва. Наздравје 🙂