Американскиот сајт „Beautiful Woman Pedia”, направи анкета на најбавите девојки од повеќе земји во светот.На листата на најубавите Македонки се најдоа моделот Катарина Ивановска, водителката Марјана Станојковска и манекенката Сузана Ал Салкни.
Покрај тоа, сајтот напиша и неколку карактеристики за Македонките.
„Македонките се згодни, високи, обично имаат темна коса, но има и русокоси“, стои во објаснувањето.
Покрај ова има и еден скандалозен дел во кој што се вели:
Македонските жени што живеат во руралните делови и немаат многу допир со Западот често не се многу амбициозни и се фокусираат на пронаоѓањето на добар сопруг. Ова е добро затоа што ги прави добри сопруги, кои се безрезервно посветени на семејството. Но оние од поголемите градови се многу модерни и сакаат да се забавуваат.
Македонките немаат толку можности како жените од другите поранешни југословенски републики, па затоа не се многу пребирливи и се мажат со маж кои најмногу одговара на нивните потреби и желби.
Погледнете ги најубавите Македонки:
Маријана
Катерина
Сузана