Кинез останал на аеродром во Јужна Кореја, бидејќи неговиот син решил да го изрази својот талент за цртање врз неговиот пасош. Семејството во полн состав било на престој во Jужна Кореја, но не успеале да се вратат дома сите на број.
Имено, момчето земало фломастер и на пасошот на својот татко нацртало луѓе, животни, па и коса.
Кога таткото го предал пасошот на службата од аеродромот, тие му одговориле дека не можат да се врати назад, поради поседување на невалиден документ, односно документ кој не молже да го идентификува.
Таткото упатил јавен апел до кинеските служби, каде ја „закачил“ фотографијата од својот пасош. Тој се уште е заробен на аеродромот во контакт со својата амбасада.