Кога одите на кино за да погледнете современа адаптација на некоја класична бајка замислувате како сè тече според книгата – „Еднаш, многу одамна” и потоа „живеееа среќно до крајот на животот”. Во последно време сепак приказните се покажува дека не се она што мислиме дека се. Во нив има многу повеќе историја и многу повеќе перспективи, освен онаа на авторот. Значи ако одите во кино, заборавете се што знаете до сега и препуштете им се на многу нови авантури.
Историјата на Заспаната убавица позната и како Аурора, која што вистинска љубов ја спасува од проклетството на лошата самовила, се враќа сосема на почетокот. Прво ќе се запознаете со таткото на Аурора, потоа со мајката и конечно со самовилата. Семејните односи се доста сложени како целина. Новиот увид во оваа приказна има за цел да ви покаже дека работите се движат подалеку, дека секоја акција има свое спротивставување. Да не зборуваме за љубовта – таа зазема сосема поинаква форма.
„Господарка на злото” е новата лента на „Дизни”, која го враќа студиото кон неговите корени. Откако со години оттаму се занимавале со креациите на Стен Ли и „Марвел”, дојде моментот да фатат и една класична бајка, иако во нов формат.
Што ќе видите во „господарка на злото”? Анџелина Џоли и визуелен празник. Овој филм е класична приказна за „Заспаната убавица”, логично – со промени, за да може да биде оригинална. Сепак она што го задржува вниманието , на прво место е потресниот феминизам во филмското остварување. Генерално мажите се претставени како жестоки тирани, кои што сакаат војна, или патетично потчинети на своите господарки. Во исто време жените се убави, интересни, добри, силни, паметни и сето она што ви паѓа на памет.
Анџелина Џоли е строга господарка со силен став, која сака да го уништи за*баниот крал. Како што веќе рековме , во овој филм мажите се група воинствени варвари, а жените се најубавото суштество на планетата. Единствениот свесен е принцот Филип, кој сепак во текот на целиот филм не прави ништо, освен еден триминутен разговор со принцезата Аурора и бакнежот кон финалето.
На премиерата на филмот во Лондон, Анџелина признава дека ова е една од најтешките улоги во кариерата, бидејќи “таа ги манифестира сите аспекти на тоа да си човек, иако таа самата не е” .
Иако сказната „Заспаната убавица”, ги инспирирала креаторите на господарка на злото, филмот открива непознати земји од историјата и ликот на нејзината хероина. Тој е многу сложен и многу слоевит лик, комбинација помеѓу доброто и злото. Актерката ја дефинира како “малку глупава, вонредна енергична, малку лукава и со одлична смисла за хумор” .