33 години затвор за синот на Пеле

Бразилскиот суд го осуди синот на Пеле, самиот порано фудбалер Едсон Шолби до Насименту попознат како Едињо, на 33 години затвор за перење пари заработени од трговија со дроги.

Во овој случај, пред Врховниот сојузен суд во Сао Паоло се осудени уште три лица, по процесот започнат по сознанијата од истрагата започната во 2005 година, а Едињо беше уапсен во јуни истата година.

1401590461663.jpg-620x349

Едињо беше обвинет за врски со познати трговци со дроги и вмешаност во недозволената трговија со наркотици. Тој категорични ги одрекуваше сите обвиненија, признавајќи дека самиот користел дроги, но не и дека учествувал во нивното препродавање.

Адвокатите на осудениот во првостепената постапка, изјавија дека ќе поднесат жалба, како и дека нивниот клиент до правосилноста на пресудата ќе остане на слобода.

Сега 36-годишниот Едињо во 1990-те го бранеше голот на трофејниот бразилски клуб Сантос, во кој светската слава ја стекна неговиот татко. Во моментов тој е еден од тренерите во клубот.

- Реклама -