Речиси и да нема човек кој не го обожава вкусот на гирото. Овој генијален оброк е толку многу добар, што самото негово постоење инспирира за создавање на нови, слични специјалитети, направени според тој концепт.
Еден од нив е и рецептот во продолжение, со една клучна, спротиставена разлика – станува збор за необична блага варијанта на традиционалното гиро.
„Чоко кебаб“, е вкусниот десерт кој во последните две години се повеќе се актуелизира ширум светот. За разлика од гирото, чоко-кебапот наместо со месо, се полни се чоколадни „струготини“, шлаг и други слатки додатоци.
Изгледа неодоливо вкусно, па со нетрпение очекуваме да се најде и на менито на македонските ресторани, каде би можеле и да го дегустираме.