Главоболката е честа и непријатна појава која мошне брзо може да ни го уништи расположението. Причините за нејзиното настанување и интензитетот на болка никогаш не е ист, но, пред да посегнете кон апчињата, пробајте некој од овие три трикови кои ќе ви одземат само една минута.
1. Молив
Кога сме нервозни, напнати и под стрес, често несвесно ги стискаме забите, со што го напнуваме мускулот кој ја поврзува вилицата со слепоочницата, што резултира со главоболка. За да го спречите ова, едноставно со забите стиснете молив, кој ќе и овозможи на вилицата да се опушти и ќе ја спречи болката.
2. Нане
Доколку имате проблеми со воспалени синуси и алергии, направете си мала релаксирачка масажа за челото си помош на етерични масла од нане. Во вашата дланка истурете малку масиново масло и етерично масно од нане, измешајте ги и нанесете ги на челото и покрај носот. Со нежни и лесни движења масирајте го лицето околку една минута, или подолго.
3. Акупресура
Акупресура е древна техника која со помош на одредени точки од телото може да ублажи или реши многу болки или други проблеми. Пронајдете г местото на горниот дел на данката каде се соединуваат коската на палецот и показалецот. Со многу бавни движења (4 до 5 круга во минута) масирајте го местото околу една минута или подолго.