Алберт Ајнштајн му рекол еднаш на еден свој пријател дека квантната механика не се вклопува сосема во неговиот научен свет , бидејќи „ физиката треба да ја претставува реалноста во времето и просторот , без сенишните активности од далечина ” , пишува CNET . Плашливата акција од далечина всушност e статус на сплетеност – квантен феномен , при кој две честички , поделени на растојание една од друга , комуницираат како дел од еден цел систем.
Холандските научници успешно го користат ова морничаво својство на квантната честичка, за да постигнат за прв пат одржлива телепортација . Станува збор за телепортирање на податоци .
Физичарите од Институтот за нанонауки „Кавали ” , кој е дел од Технолошкиот универзитет Делфт во Холандија , соопштија дека испратиле квантни податоци кои се однесуваат на ротацијата на еден електрон кон друг електрон на растојание од 3 метри. Резултатите можат да се повторат во 100 проценти од обидите , посочуваат истражувачите.
Благодарение на најчудните својства на сплетеноста , квантните информации на телепорт патуваат побрзо од брзината на светлината . Треба да се напомене дека станува збор само за квантни информации , а не за традиционалното разбирање за информации како пораки или дури едноставни битови.
Докажувањето на сплетеноста и телепортација и реализација на успешни експерименти – во поголеми системи и на подалечни растојанија , е клучот за практичната примена на квантната механика , како што е квантниот компјутер. Квантните компјутери, на пример , би можеле да ја користат оваа брзина , за да отворат врата кон нова ера на невидена компјутерска моќ.
Сега истражувачите во Холандија се обидуваат да го зголемат растојанието на повеќе од километар , што e начин да се тестира дали ова е постојана појава и дали информациите и понатаму ќе патуваат побрзо од светлината.