Според едно истражување кое опфатило 42 европски градови во Европа, се покажало дека Србите од Нови Сад пушат најмногу марихуана во Европа.
Зад нив се најде Амстердам, каде марихуаната е легализирана, а по нив е Париз.
Истражувањето се извршило на база на детална анализа и пребарување на психоактивни супстанци во отпадните води и канализациските системи.
Резултатите неодамна беа објавени во списанието „Адикшн“.
„Најмногу траги од канабис во отпадните води е пронајдено во српскиот град Нови Сад кој има само 265.000 жители. Второто место му припадна на Амстердам, а додека пак, на третата позиција се најде Париз“, е наведено во извештајот што го пренесе Си-Ен-Ен.
Во однос на другите дроги најголеми траги на кокаин биле пронајдени во Амстердам, потоа во Антверпен, Лондон, Цирих, Барселона и Базел.