Една теретана во Лондон им нуди на своите корисници необичен сет со тегови со кои можат да ги вежбаат своите мускули – еден крупен маж и две џуџиња.
Една теретана во Лондон им нуди на своите корисници необичен сет со
тегови со кои можат да ги вежбаат своите мускули – еден крупен маж и
две џуџиња.
Членовите на Gymbox во централен Лондон, можат да изберат да креваат некој од овие пет човечки тегови со различна тежина. Носејќи специјални костими на кои ја пишува нивната тежина, тие седат на специјално адаптирани машини и ги бодрат оние што вежбаат. Изборот на „тегови“ вклучува две џуџиња – 32-годишната Arti Shah која тежи 30 килограми и 64-годишниот Mike Edwards – 55kg. На другиот крај од скалата за оние со посилни мускули тука е Matt Barnard кој тежи 155kg.
Сопственикот на теретаната Richard Hilton вели дека голем број од членовите на клубот чувствувале дека кревање метал е здодевно и не посебно мотивирачки. Експертите во спортската психологија се согласуваат дека визуализацијата е значаен фактор во подобрувањето на перформансите и дека човечките тегови се најдоброто што може да се добие од тој аспект на визуализација. Затоа овие човечки тегови од Gymbox ги бодрат своите клиенти со реченици како „Ајде крени ме силно и брзо“ или „Одлично, само види ги тие набилдани мускули…“