Колку фирми во Македонија пропаѓаат во првата година од постоењето?

Според резултатите на државниот завод за статистика, од фирмите кои што се создале во 2011 година, до 2012 преживеале само 64,3%, што значи дека помалку од половина од основаните, односно 40 проценти  „згаснале“ уште во правата година од своето постоење.Најмногу преживеале компаниите кои што започнале сопствен бизнис со: Дејности на здравствена и социјална заштита (92%), финансиски дејноси и дејности на осигурување (83,3 %).

Покрај нив, според податоците за демографија на претпријатија во Македонија, многу фирми се создадени во скторите: Трговија на големо и трговија на мало, како и поправка на моторни возила и мотоцикли.

Според податоците за згаснатите претпријатија, најмногу има онакви кои се дефинираат во групата друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва.

- Реклама -