Погледнете како децата реагираат на стари компјутери, што мислат за тоа дека нема „глушец“ и како се снаоѓаат со дискетите.
Аpple II компјутерот е ѕвезда на оваа видео снимка, на која децата од најразлична возраст се обидуваат да одгатнат „како нешто со толку кабли, слично на телевизор, гласно и прилично непрактично“, може да им помогне во секојдневниот живот.
Се потсетуваме на DOS системот, кој бараше „Print“ команда и без приклучување на штампач ( за што служи тоа, се прашуваат децата), како и една од игрите, за која што децата велат дека е премногу „пикселеста“, но барем работи, за разлика од бројните функции, кои претходно беа испробани.