Годинешниот Velve турнир на Dota 2- The International – сега е еден од најголемите светски спортски настани.
Благодарение на најдоброто од Velve од двете: и играта и 5- наспроти-5 MOBA видот на игра, генијалната замисла на играње во група, и контунираниот раст на е-спортски спектатори, The International турнир сега има фонд над 6 милиони долари. Победничкиот тим дома ќе однесе некаде околу 3 милиони долари. За да се стави во перспектива, тоа е повеќе од сите најдобри спортски професионалци што земаат годишно. На пример, мастер турнирот во голф, еден од најголемите спортски настани во годината, нуди само 1.6 милиони на победникот, од вкупен фонд од 9 милиони долари. Dota 2 сега и официјално игрра во големите лиги. Како Dota 2, која го заврши бета-тестирањето минатата година, стана еден од најголемите спортови во светот?
Меѓународниот годишен турнир, сега е во својата четврта година, каде најдобрите тимови на Dota 2 се борат да бидат „крунисани“ како најдобрите во светот. Во првите две годин, Valve собра сопствен фонд од 1.6 милиони, со 1 милион како награда за победничкиот тим. Минатата година, Velve воведе компендилум, интерактивен дигитален водач за турнирот кој чинеше 10 долари, со 2.50 долари од секоја продажба која оди во наградниот фонд. Ова ја зголеми цената на фондот за околу 1.2 милиони долари, до 2.8 милиони- повторно правејќи го најголемиот турнир на е-спортот во светот (League of Legends е за едно место зад Dota 2 International со 2 милиони награден фонд).
Ако немате играно Dota 2 до сега, можете да ја играте на Windows, Mac, и Linux.