Еronews: Балканскиот Ерусалим има 365 цркви, по една за секој ден од годината

„Го нарекуваат Балкански бисер, град стар повеќе од 5.000 години. Богат е со историја и беше главен трговски центар на една од најстарите трговски патеки во Европа“, ова е почетокот на прекрасната репортажа на euronews, за прекрасниот бисер.

Тие истакнуваат дека Охрид крие бројни богатства, од кои се уште има многу неоткриени.

Порано се викал Лихнидос, име кое значи „град на светлината“. Градот во минатото станал центар на Византиската култура и христијанството.

Бил дом на еден од најпознатите учители, како што се Свети Наум и Свети Климент, кои три децении работеле во Охрид, а до ден денес уживаат огромна почит од жителите во градот и целата земја.

Според легендата, 365 цркви и манастири во и околу Охрид, по еден за секој ден од годината. Токму затоа, градот се нарекува балкански Ерусалим и тоа со право, се вели во репортажата.

На сајтот euronews.com. постојано се објавуваат репортажи за Македонија и нејзините убавини.

Како што истакнуваат во нивниот текст за Охрид, следната репортажа ќе ја направат за Матка, кањонот каде што ќе ја истражуваат легендарната пештера.

- Реклама -