“Путинка” Vs. “Медведев” вотка

Повеќе...

Вотката “Медведев” која името го добила по новиот руски претседател, никако не успева на пазарот да се избори со најголемиот конкурент “Путинка”, пишуваат руски извори.


putinka.jpg

Вотката “Медведев” која името го добила по новиот руски претседател, никако не успева на пазарот да се избори со најголемиот конкурент “Путинка”, пишуваат руски извори.
“Медведев” е во продажба веќе месец дена, но нејзината продажба е далеку од очекуваната, за разлика од “Путинка” која веќе освоила 4,4% од руските пазари на омилениот руски пијалак.
“За разлика од Путинка, називот на новата вотка не звучи руски и не ги зграпчува клиентите и на овдешните луѓе им асоцира на емигрантите кои се пофранцузиле”, изјавил стручњакот за маркетинг Александар Јеременко.
Според сите анкети, Путин е далеку попопуларен политичар од Медведев, кој на претседателското место дојде во мај, а тоа може да се види и преку примеров со продажбата на вотка. 

- Реклама -