Обновување за старата Lada Niva

АвтоВАЗ разви дизајнерски проект за подобрување на моделот Lada Niva 4×4. Тоа е дел од обновувањето на моделот, кој е близу четири децении  на светските пазари.Новиот стајлинг на браниците е дел од подобрувањата кои се планирани во рамките на модернизацијата на теренецот. Специјалистите од Тољати работат и врз зголемување на безбедноста на возилото, со вклучување на повеќе системи. Познато е дека Lada 4×4 ќе добие модернизиран 1.7-литарски мотор.

Производителот веќе објави скици од потенцијалниот изглед на Lada Niva и организира онлајн анкетата, чии резултати се уште не се соопштуваат. Плановите на АвтоВАЗ се да го произведува моделот уште пет години.

 

 

- Реклама -