Тројца адвокати и тројца инженери патувале со воз на конференција. На билетарата, секој од тројцата адвокати купил по еден билет, додека тројцата инженери купиле само еден билет.
„Како може да патувате само со еден билет?” – прашал адвокатот.
„Гледај и ќе научиш,” – му одговорил еден од инженерите.
Додека во возот адвокатите седнувале на седиштата културно и удобно, тројцата инженери влегле во тоалетот и ја притиснале вратата за да ја затворат.
Кога кондуктерот се појавил за да ги собере билетите, тропнал на вратата од тоалетот и го побарал билетот. Врата малку се подотворила и само еден од инженерите пружил рака и го подал билетот. Кондуктерот го земал, проверил дека сè е во ред и продолжил.
Адвокатите биле зачудени од одличната идеја. На враќање од конференцијата се одлучиле да ја испробаат техниката на инженерите. На билетарата, застанале и купиле само еден билет за нивното враќање. Но, за нивно изненадување, инженерите не купиле ниту еден билет.
„Како ќе успеете па ова да го изведете?” – повторно зачуден прашал адвокатот.
„Гледај и ќе научиш,” – смирено одговорил инженерот.
Сите се качиле во возот. Тројцата адвокати успеале да се стиснат во тоалетот и инженерите го направиле истото во другиот тоалет.
По кратко време откако возот тргнал, еден од инженерите го напуштил тоалетот на кратко и тропнал во другиот тоалет – „Билетите, ве молам!”