На Србија и се заканува епидемија и рој од комарци

По повлекувањето на водата во подравјата зафатени со поплавите, на Србија и се закануваат комарци, глувци, но и појава на епидемија и цревни болести.Кога ќе се затопли, сосема е нормално да се појават и комарцте. Од пред неколку дена ги има многу повеќе, пишуваат српските медиуми. Поради нив допрва може да настане проблем, бидејќи го пренесуваат вурусот Западен Нил.

„И глувците ќе се преместуваат на суви и сигурни места, а тие се предизвикувачи на бројни болести. Првенствено мислам на лептоспирозата, која е многу сериозно заболување. Луѓето кои се враќаат на поплавените подрачја никако не смеат да одат боси по вода, бидејќи бактериите во неа има бактерии од многу мртви животни“, вели проф. др. Радован Чекнаќ, епидемолог.

Прочитајте и:  Швајцарија го повлече пченкарното брашно од Србија од пазарот: Петпати повеќе афлатоксин од дозволеното

Основен предуслов за намалување на ризикот и спречување на сериозни епидемии е детална санација на теренот, кој опфаќа  пронаоѓање, собирање и прописно уништување на загинатите животни, собирање на сите врсти на отпад и други материи кои го загрозуваат животот на луѓето.

Во Србија досега загинаа официјално 22 лица, од кои 14 во Обреновац. Евакуирани се 31.873.

Експертите очекуваат дека е можно во нареддните денови да порасне нивото на Дунав, што влијае на зголемувањето на Сава, па затоа неопходно е да продолжат евакуациите.

- Реклама -