Хај Поинт во Северна Каролина, САД, е засолниште на две необични атракции. Џиновските споменици во форма на мебел го штитат угледот на градот како мебел – престолнина на светот. Тоа е титула која што населеното место ја добило поради производството на мебел, кој функционира во регионот во текот на повеќе од еден век.
Big Bureau е изградена во 1920 година од трговската комора на градот. Огромната структура е во облик на биро со фиоки и убава флорална декорација. Висока е над 6 метри.
Во 1951 година таа е продадена на хуманитарната организација High Point Jaycees и во моментов зад неа се наоѓа нивната канцеларија.
Во 1996 година Big Bureau е целосно реновирана. Денес, од еден од нејзините ормари висат два пара чорапи, кои што се знак на почит кон текстилната индустрија во Хаи Поинт.