Македонските општини донираат средства за поплавeните региони

Општина Ѓорче Петров и Општина Аеродром се приклучија кон донациите за поплавите во БИХ и Србија.

Имено, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, понуди  сместување на загрозеното населението до партнерската Општина Осечина од Србија, а денеска  Општината реши да издвои 200.000 денари од буџетот како помош за санирање на последиците од поплавите во Србија и во Босна и Херцеговина.

Самоиницијативно, советниците предложиле да издвојат и да уплатат на наменската жиро сметка на Црвениот крст дел од својот паушал.

И Општина Аеродром се приклучи кон хуманоста нудејќи помош од  600.000 денари, односно околу 10.000 евра  за санирање на последиците. Парите ќе бидат уплатени преку сметкааа што ја отвори Црвениот крст на Република Македонија.

Прочитајте и:  Швајцарија го повлече пченкарното брашно од Србија од пазарот: Петпати повеќе афлатоксин од дозволеното
- Реклама -