Секоја сабота и недела, меѓу ручек и пет попладне, независно од времето, Народниот парк во Шангај е полн со родителите на немажените деца кои доаѓаат за да учествуваат во пазарот на невести. По булеварот се закачени стотици пораки, честопати поставени од родители – без младите да бидат известени за тоа.
На забелешките е наведена демографската статистика на нивните потомци и работите кои имаат значење за Кинезите – висина, возраст, приходи, образование, кинески хороскопски знак и дали поседуваат автомобил или стан.Иако правото да го избираш својот партнер во животот одамна е утврдено во Кина, родителите се уште чувствуваат потреба да им помогнат на своите деца. Според нив тие или се премногу зафатени, или не бараат активно.
Кога човекот ќе биде избран, првиот чекор е да се воспостави контакт меѓу родителите кои само тогаш им дозволуваат на своите деца да одат подалеку. Многу млади Кинези го сметаат овој начин за пребарување на брачен партнер за срам, но за нивните родители тоа е единствениот начин и традиционален стил кој датира во современа Кина.
Сé повеќе млади Кинези ја ставаат кариерата пред брачниот живот. Добро образованите жени во земјата имаат повеќе можности денес, што доведува до екстремножа нееднаквост помеѓу бројот на мажите и жените, подготвени за брак. Според истражувањата, до 2020 година во земјата ќе има околу 24 милиони неженети мажи, кои нема да можат да си најдат сопруги. Тоа е повеќе од целото население на Тајван и Јужна Кореја, земени заедно.
Венчалниот пазар во Шангај е само еден од неколкуте такви под отворено небо и покрај илјадниците родители кои го посетуваат, процентот на наместените свадби останува низок. Многу родители се враќаат тука месец по месец, година по година.