Не знаат уште колку време и преостанува, па решиле да и го приредат најубавото изненадување

Во октомври 2012 година, на една мајка по име Ејми и беше дијагностициран метастатски рак на јајчниците. Дијагнозата била навистина лоша, но по операцијата, 4 месеци хемотерапија и интензивна борба, изгледало како работите да почнале да се движат во нагорна линија.

Сепак, после само една година таа и нејзиното семејство добиле страшна вест. Ракот повторно се вратил, само овој пат отпорен на традиционалниот третман, односно овој пат е неизлечлив.

Иако никој не знае уште колку време и преостанува на Ејми, нивната мајка, сопруга, сестра, ќерка и пријател, тие одлучиле крајот на нејзиниот живот да го разубават што е можно повеќе.

Имено, за нејзниот 56-ти роденден, нејзините најблиски решиле да приредат едно прекрасно изненадување. Пеесетина блиски пријатели, роднини и најблиското семејство, се собрале во нејзиниот двор приредувајќи и неочекувана прекрасна изведба. Самоиот гест и реакцијата на Ејми со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

- Реклама -