Ти пријдов со копнеж
понизно да те молам,
но тебе ти беше мојот занес смешен
и мојата љубов за тебе
само игра беше.
Сега си уморна, заситена
додека тажните очи твои
ме гледаат со трепет
оноја љубов во која некогаш горев,
би ја прифатила сега ти.
Ах, колку тажно, од неа одамна
остана само пепел, не ќе заискри повторно
беше некогаш таа твоја,
сега остави ја да почива сама.
Херман Хесе
Извадок од „Среќен е тој што умее да сака“