Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли планира да се повлече од актерската кариера и да се оддаде на хуманитарната дејност.
Таа ги сподели своите намери во интервју за списанието „Вог” (Vogue) и за време на прес-конференцијата на нејзиниот нов филм “Господарка на злото”.
„Имам извонредна кариера. Но сакам да се посветам повеќе на пишувањето на сценарија и режирањето, но најмногу сакам да се фокусирам на својата работа во ОН”, истакна таа на прес-конференцијата. Нејзината работа во ОН е поврзана токму со хуманитарната дејност.
Таа сподели исто дека на нејзините деца особено им се допаѓа филмот „Господин и госпоѓа Смит”. Познато е дека двајцата се заљубија токму на снимањето на овој филм.
„Поголемите деца неодамна го гледаа и одлучија дека тоа е најчудниот филм кој што некогаш го виделе. Да се види како нивните родители се борат како шпиони се покажа една од најпознатите забавни детски фантазии”, изјави Џоли.
Неодамна таа призна дека никогаш не помислувала, дека ќе има толку многу деца и толку сакан сопруг.