Кои се најчестите измами за време на одмор?

Сте паднале ли на  измамници, додека сте на одмор? Најчесто уште од аеродромот или на станицата се „паѓа“  на  таксистите кои ви наплаќаат двојно или тројно. Погледнете  како можат да ве проневерат за време на одмор и како да се справувите.

Измамите најчесто се случуваат на дестинации кои ги посетувате за првпат. Поради возбудата, секој е помалку претпазлив што е погодно за измамниците. Запомнете дека секогаш треба да сте внимателни.

Таксисти

Таксистите се на прво место во рангирањето.  Едвај има човек кој барем еднаш не загубил  пари од двојно повисоките  тарифи . Проблемот може да се продлабочи, ако сте во странство и не го зборувате јазикот. Веднаш  ќе станете  мета на таксистите-измамници.

Како да се заштитите: Проверете какви се стандардните цени на таксистите во земјата која ја посетувате. Друг начин е да ја договорите цената однапред и да побарате фискална сметка. Ако ништо од ова не ви помогне, а сепак ви наплаќаат  повеќе, контактирајте со полицијата.

Измами со валутата

Подгответе се доволно за локалната валута, ако патувате во странство. Ако сепак ви снема од резервите, избегнувајте да разменувате во менувачница . Таму курсот може да биде доста различен од  реалниот и на крајот да се најдете на сериозна загуба. Ви препорачуваме да разменувате пари во банка . Па веројатноста од измама е помала.

Совет: Внимавајте на парите кои ги добивате како „кусур“ во продавниците . Погледнувајте ги обележувањата, за да не се налетате на еден куп фалсификувани банкноти.

Псевдо полиција

Кои се најчестите измами за време на одмор? Можно е, додека сте на одмор, полицијата да ве запре за проверка. Можно е сепак да се работи за лажни полицајци.Најчесто псевдо полицајците ќе откријат проблем со документите  и ќе се обидат  да ве казнат … во готово.

Како да се заштитите: Пред да дадете пасош, побарајте документи за идентификација и проверете на интернет како изгледаат.

Измама со сметката

На некои места бармените можат да бидат мали измамници. Последното се случва најчесто во држави, кои не користат  латиница – најблизкиок пример е Грција. Така клиентот нема да разбере што пишува на сметката.

Како да се заштитите: Распрашајте се за цените во рестораните или кафулињата, задолжително побарајте мени.

- Реклама -