Дворецот Бран во Тансилванија, познат како замокот на Дракула е ставен на продажба.Сопственикот на најголемата туристичка атракција на Романија, за оваа средновековна тврдина бара околу 57 милиони евра. Замокот е денес музеј во кој што има уметнички предмети и годишно привлекува околу 560 посетители.
Дворецот на „грофот Дракула“ е изграден во далечната 1377. и е во сопствеништво на надвојводата Доминик Хабзбург. Прoдажбата ја врши агенцијата „Herzfeld and Rubin” од Њујорк.
„ Ако некој дојде со разумна понуда, ќе видиме за кого се работи и што предлага, па серизоно ќе ја разгледуваме понудата“, вели адвокатот Марк Маер, за „Sunday telegraph”.
Дворецот Бран му послужил на Брем Стокер како инспирација во неговиот прочуен роман за Дракула.
Во продолжение погледнете како изгледа замокот од внатре: