Што научивме во 2008?

Повеќе... Верувале или не, во 2008 се случи многу повеќе од американските претседателски избори, покачувањето на цените и финансиската криза. Многу корисни информации имаа слаб одек во јавноста, па така сигурно не сте слушнале дека Facebook може од вас да направи подобар работник, дека некоја чашка вино го намалува ризикот од рак на белите дробови и дека таи чи го олеснува животот на астматичарите.


2008.jpgВерувале или не, во 2008 се случи многу повеќе од американските претседателски избори, покачувањето на цените и финансиската криза. Многу корисни информации имаа слаб одек во јавноста, па така сигурно не сте слушнале дека Facebook може од вас да направи подобар работник, дека некоја чашка вино го намалува ризикот од рак на белите дробови и дека таи чи го олеснува животот на астматичарите.

Еве неколку корисни факти од листата објавена на Tbo.com, за кои може и не сте имале доволно време повеќе да се заинтересирате покрај големите политички и економски случувања во светот, а ние ви ја пренесуваме вам. 

1. И кучињата се љубоморни и горделиви. Претходно се верувало дека само луѓето и шимпанзите чувствуваат вакви емоции.  

2. Во гроб стар 2700 години откопан во пустината Гоби откриена е околу еден килограм исушена билка, за која се утврдило дека е најстарата марихуана на светот. Покрај другите предмети положени покрај телото на мртовецот кои требало да му служат во задгробниот живот, канабисот бил положен покрај главата на синоокиот шаман кој умрел во 45-тата година од животот. 

3. Зрнцата скроб откриени на забниот камен на древните Перуанци покажало на тоа дека тие имале многу поразноврсна храна одошто претходно се верувало. Оваа исхрана вклучува грав и локално овошје, што значи дека тие биле земјоделци многу порано одошто се сметало.  

4. Научниците откриле поефикасен начин да изградат синтетизирани гени што еден ден би можело да доведе до создавање вештачки живот.  

5. Стресот предизвикува или смалување или зголемување на растот на мозочните ќелии и драматично го менува нервниот систем на неговите жртви.  

6. По декадата на раст, бројот на мобилни телефони кои се испорачуваат на пазарите почна да опаѓа. Луѓето се подолго ги задржуваат своите стари модели.  

7. Учењето математика доведува до голема реорганизација на процесите во мозокот, како би се сфатиле пишани симболи од различни вредности.  

8. Светските океани се се повеќе кисели, а овај феномен може да го намали растот и животот на корлаите, јастозите, школките, крабите, кои во такви услови немаат моќ да ги изградат своите калциумски талози.  

9. Снимките на протокот на крв во човечкиот мозок, извршени со магнетна резонанца, покажуваат дека силеџиите уживаат да гледаат како некој се измачува.  

10. Користењето на Facebook и MySpace ја зголемуваат продуктивноста на работниците.  

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

11. Децата на возраст од 5 до 11 години кои помалку спијат имаат зголемена телесна тежина и се повеќе склони кон дебелеење кога ќе пораснат.  

12. Луѓето кои патат од астма подобро ќе го контролираат дишењето и ќе ја подобрат способноста за вежбање доколку тренираат таи чи.  

13. Пациентите кои со трансфузија примаат крв стара 29 или повеќе дена се во дупло поголем ризик да заболат од една од повеќето сериозни инфекции, отколку оние кои примаат "свежа" крв.  

14. Изложеноста на карфиолот, брокулата, шеќерната репка, празот и аспарагусот на светлост го намалува квалитетот на овој зеленчук.  

15. Научниците развиле метод за намалување на количината на јагленихидрати во зрната соја и јогурт од соја, а истовремено зголемување на нивото на здрави антиоксиданси, познати како изофлавини.  

16. Вирусот AIDS најверојатно се појавил во 1908 година во близина на Африканскиот град Киншасе, тогашниот Леополдвил, главен град на Демократска Република Конго.  

17. Работодавците имаат предрасуди кон кандидатите кои млитаво се ракуваат и чии раце се влажни.  

18. Сурфањето на интернет е подобро од читање книга за зголемување на функциите на мозокот на возрасните и старите лица.  

19. Црвеното, но не и белото вино, го намалува ризикот од рак на белите дробови, посебно кај сегашните и бившите пушачи.  

20. Еден од 75 пациенти кај кои е вградено ново колено или колк мора да го замени во период од три години. 

21. Мажите кои потешко дишат во текот на спиењето често имаат проблем сексуално да се возбудат заради отежнатиот проток на кислород во текот на ноќта.  

22. Хемотерапијата е помалку ефективна кај дебелите пациенти отколку кај помалку дебелите, кои страдаат од рак на дојката.  

23. Повеќе од 25% интернет корисници во САД ги пратат најгледаните емисии онлајн, а на половината од нив интернетот им е замена за телевизија.  

24. Во Северна Америка момчињата и девојчињата покажуваат исти резултати на стандардните математички тестови, што го затвора јазот помеѓу половите кој траеше десетици години.  

25. Одложувањето да се стане татко може постепено да го зголеми ризикот од неплодност кај машките, при што шансата за правење дете се намалува од 35-тата година па натаму.  

26. Податоците за падовите во медитеранските области од 200 година п.н.е. до 1100 година покажуваат дека падот на Римското и Византиското Царство делумно е причинето од климатските промени.  

27. Машките со округла глава, меки линии на брадата, тенки образи, јасни очи, мал нос и големи усни и без влакна на лицето се сметаат за личности од доверба, покаже анкетите.  

28. Три шолји кафе дневно го намалуваат обемот на женските гради. 

[50 Things We Know Now]

- Реклама -